HP пушти облачна услуга за издавачи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Нова облачна платформа на HP Inc. ќе помогне на издавачи на книги да го автоматизираат бизнисот, откако ќе реагираат флексибилно на побарувачката на пазарот, соопштија од компанијата.

Piazza овозможува на издавачите да создаваат виртуелни складови за автоматизација на печатењето на книги и ефикасно да управуваат со овој процес, без потреба да се задржуваат физички залихи.

Платформата ги поврзува издавачите на книги и давателите на услуги за дигитален печат, што открива широки можности за дигитален печат на мали тиражи. Благодарение на интеграцијата со PrintOS SiteFlow, технолошкиот процес овозможува ефикасно управување на услугите и поддршка, како и брзо пуштање на производи на пазарот.

„Искористувајќи го Piazza, издавачите и давателите на услуги за печатење може да ја задоволат растечката побарувачка на хартиени книги и да преминат од модел на „печатење за последователна продажба“ кон модел на „печатење на веќе продадени книги“, коментира за новата услуга претседателот на единицата HP Printing & Imaging – Енрике Лорес.

Облачната услуга за издавачите Piazzа е оптимизирана за интеракција со системите за дигитален печат HP PageWide и HP Indigo, додаваат од компанијата.

Слични содржини