Хранете се со овие плодови за убава кожа во текот на летото

од Vladimir Zorba

Секоја жена сака да изгледа импресивно за летото. Покрај најдобрите вежби во салата или дома, исхраната исто така игра голема улога во тоа како изгледаме, но и како се чувствуваме. Во денешно време има многу начини како да ја заштитиме кожата. Скапи креми, лосиони, сапуни и редица други можности со кои многу дами ја одржуваат кожата чиста и свежа. Понекогаш сето тоа е неопходно, но има и други начини за да имаме здрава и мека кожа.

1. Боровинки

Ги нарекуваме “суперхрана”. Боровинките се извор на антиоксиданси, богати со растителни влакна и витамин А и C. Додадете ги на вашата исхрана, бидејќи тие ќе се грижат за кожата и телото.

2. Лубеница

Летото е веќе тука. Повторно можеме да јадеме лубеница. Слатка и освежувачка, таа содржи над 90 проценти вода. Ја хидратираат кожата од надвор и од внатре.

3. Банани

Ако кожата ви е сува бананите ќе ви помогнат многу, бидејќи тие ја хидратираат кожата. Витамините Ц и Б6 играат важна улога во одржувањето на интегритетот и еластичноста на кожата.

Слични содржини