Точно на полноќ, биењето на камбанaта на македонските цркви ја најавија  радосната вест за воскресението Христово. Православните христијани, радосната вест  на полноќ ја пречекаа најголем број, во  дворовите на духовните храмови.

bozikj1344

Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан по повод Воскресение Христово – Велигден богослужи Воскресна литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ – Скопје.

Воскресение Христово – Велигден

  Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за православните христијани, наречен Празник на сите празници. Воскресението на Исус Христос е најголемото случување во историјата на човечкиот род.

Во христијанската религија на Воскресение Христово Велигден се чествува воскресението на Исус Христос на третиот ден откако бил распнат на крстот и погребан. Празната гробница е видено од жените мироносци, кои посетиле гробот. Исус Христос се јавува на Марија Магдалена и на апостолите.

bigorski3

Синоќа  пред полноќ се служеше свечено богослужение. “… И ете на полноќ од отворените царски врати се пеат литургии:” Воскресение Твое, Христе Спаси нас … “. Литијата обиколува околу црквата и се запира пред портите. Се случа силно  пасхалното тропар:

Христос воскресна од мртвите,

и смртта  со смртта ја победи

и на оние што се во гробовите живот им подари.

Христос воскресна!

Воистину воскресна!

Слични содржини