Ѓулчехра Бобокулова – бејбиситерка од Узбекистан, му отсече глава на девојче. Потоа го запалила станот, отишла до блиската метро станица, почнала да мавта со детската глава пред лицето на полицајците и викала: “Алах акбар”!. Разумот одбива да поверува дека тоа се случило навистина.

0000294713-article2

Тоа сепак се случило. “Московскиј комсомолец” пренесува детали, од кои срцето плаче. Сепак, тие не можат да бидат игнорирани, пишува весникот.

“Мојата ќеркичка е вистински борец, бидејќи секое вдишување и издишување за неа е борба со нејзината болест. Јас сама учам од Настасја да се борам, да се надевам да не се предавам и да живеам покрај сето тоа. Во тоа време сфатив дека добрите луѓе на светот се многу повеќе од лошите. Цел живот ќе ги паметам … “.
Овие редови не можат да се читаат, без да ти потечат солзи. Напишани се пред три и пол години од мајката на детето, родено со вроден хендикеп – оштетување на централниот нервен систем. Во сите овие години родителите се бореле за својата ќерка. Со сите сили, без да жалат ниту пари, ниту емоции.

Но во понеделникот – 29 февруари злото го победи доброто.

Душевно болната бејбиситерка / нема разлика каква дијагноза официјално ќе и поставуваат лекарите /, 38-годишната Ѓулчехра Бобокулова и ја отсече главата на малата Настасја.
Утро. пожар
Утрото на 29 февруари во семејство М. започнало, како и обично. Родителите брзале за за работа / Екатерина работи во свадбен салон /, а поголемиот син – на училиште / момчето учи во кадетско училиште /. Од сите членови на семејството дома остане само помалото дете – ќерката. Како и вчера, и пред еден месец и пред една година. На 4 и пол години девојчето не можело да оди и речиси не зборувало. Тешката траума, добиено при раѓањето, го врзале за инвалидска количка. Како што се испостави, засекогаш.

Аврамопулос: Веќе не целиме да се обединуваме, туку само да ја контролираме ситуацијата

 

Семејство М. живееле под кирија во големо трисобно живеалиште во близина на метро станица “Октјабарское поле” од речиси 10 години. Тие дошле во Москва од Орловска област кога нивниот син бил уште помал. Тој е рано родено дете. Екатерина имала само 17 година, кога тој се раѓа. Никој не ни и мислел дека појавата на ќерката на виделина ќе отвори ново тажна поглавје во животот на семејството – борбата за нејзиниот живот. Борбата, кој завршила со страшна трагедија.

Ѓулчехра Бобокулова работела во семејството три години. Пријателска, добра, чиста и средена. Родителите не се грижат дека жената од народноста таџики цел живот живеела во Узбекистан / таа е родум од Самаркандска област / и не зборува многу добро руски.

20160229.nfyiwmgilf

За девојче во положбата на Настасја сепак не биле толку важни часовите по говор, туку вниманието и љубовта. Како што изгледало, Ѓулчехра ја поседувала. Таа не извадила дозвола за работа како бејбиситерка, но поседувала миграциската картич. Рокот на нејзината валидност истекува на 22 април.

Возрасните од семејството рекле “Збогум” на девојчето и тргнале. А во 8.40 часот во станот избувнал пожар. Сосетката не успеала да избега, целиот коридор бил исполнет со чад. Требало да ја извлечат пристигнатите пожарникари од балконот.

Пожарот во станот бил изгаснат релативно брзо. Но при расчистувањето на издувните мебел пожарникарите виделе нешто кошмарно – обезглавен труп на дете.

На местото на трагедијата пристигнало целото раководство на московската полиција. А убиецот во тоа време оди кон метро станица “Октјабарское поле”.

Ден. Терор

Ѓулчехра Бобокулова убила девојчето со претходно донесен нож. Потоа ја отсекла главата и ја ставила во црвен пакетот и до неа, и оружјето со кое извршила убиството. Се преоблекла целата во црно, а нејзината цел била да личи на џихадистка. И излегла од станот.

Домот на семејството М. се наоѓа сосема блиску до метрото. Но бебиситерката го изминала овој пат со автомобил. Жената не успеала да влезе во метрото – ја запрела полициска патрола, што не е чудно: облеката на Бобокулова не можело да не привлече внимание. Таа сепак …ка извадила главата од пакетот и ја размавтала во воздухот. Полицајците се повлекоа во ужас.

Сведоци на овој кошмар станаа десетици минувачи. Се нашле се и такви кои го фотографирале со своите мобилни телефони заплетот, пострашен и од филм на Хичкок.

Ѓулчехра ја мавтала детската глава во воздухот, викајќи “Алах акбар”! Паѓала на колена и почнала да се моли. Пред полицајците таа изјавила дека секој момент ќе го активира самоубиствениот џихадистички појас.

Злобната сцена траеше приближно половина час. Околу пладне еден од полицајците се фрлил врз терористка и ја покрил со своето тело. Експлозија не следеше. Полицајците со олеснувања воздивнале и го однеле криминалецот во полициската станица “Шчукино”.

Во друга полициска станица – “хорошево-Вневники” биле однесени родителите на детето. За нив требало да повикаат брза помош, бидејќи тие добиле нервен слом.

Експерти од Федералната служба за безбедност донесоа до метрото робот за откривање на експлозиви. Регионот бил отцепен. Дури кон 14 часот. станало јасно дека во пакетот на Бобокулова немало никакви експлозиви. Во нејзините раце сепак откриле траги од супстанца која содржи амонијак. Можно е сепак таа да користела таква материја при палењето на станот.
Вечер. последица
Бобокулова била испрашувана во текот на целата вечер од истражителите. “Московскиј комсомолец” сепак разговара со блиска позната на семејството. Нејзиниот расказ може да фрли светлина врз она што се случило.

Таа објаснува дека бебиситерката работела во семејството повеќе три години. Во тоа време никој ништо сомнително не забележал. “Таа правеше впечаток на добра, скромна жена. И што е најважно – соодветна”, вели познатата.

Таа раскажува дека пред месец Бобокулова си заминала во Узбекистан, за да си го смени пасошот. “Мислам дека таму треба да се бараат траги за ова што сега се случи. Но откако се врати никакви промени кај неа немаше. Ништо сомнително, чудно. Се врати и продолжи да работи”, вели познатата на семејството.

Таа објаснува дека мајката Екатерина имала целосна доверба на Ѓулчехра. Нешто повеќе, ја сметала за член на семејството. Бебиситерката живеела заедно со семејството. Затоа и изнајмиле трисобно живеалиште, за да има место за сите. Бидејќи Екатерина работела на ненормиран работен ден, бебиситерката останувала со Настасја.

Семејството ја изнајмиле бебиситерката по препорака од други луѓе, Ѓулчехра живеела одамна во Москва. Пред тоа, исто така, работела како бејбиситерка, но веројатно во другото семејство децата веќе биле возрасни и затоа Ѓулчехра се преселила. Таа имала одлични препораки, а Екатерина ја проверила подетално.

Самата Ѓулчехра има свои три деца кои живеат во Узбекистан. Таму има голема невработеност и затоа Ѓулчехра дошла да работи во Москва.

Запрашана дали Ѓулчехра секогаш се облекува во бурка, со долги темни здолништа, познатата на семејството објаснува дека бебиситерката се облекувала световно. “Од каде воопшто Ѓулчехра ги донела овие партали? Повеќето наши познати никогаш не виделе дури марама на главата. Иако блиски до родителите велеа дека таа имала таква облека. Сепак, тие си стоеле во гардероба. Ретко ги пробувала”.

Ѓулчехра била верник, се молела , но тивко, не упадливи. Сите биле со впечаток дека бебиситерката ја сака Настасја како свое дете, а и девојчето била приврзана кон неа.

Семејството неодамна направиле поправка на станот. Но веројатно никогаш повеќе нема да се вратат во него.

Слични содржини