„Смрт за режимот, слобода за МРТВ“ – почна новиот протест на Шарената револуција

И покрај дождот, и денеска од 18 часот граѓаните доаѓаа пред зградата каде е сместено Специјалното јавно обвинителство на новиот протест на Шарената револуција. Од автомобил кој е во знакот на Шарената Револуција се слушаат револуционерни песни, а маршот го предводи транспарент на кој пишува „Смрт за режимот, слобода за МРТВ“.

 

„Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на Македонската радио телевизија, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е оттуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт.

Денешниот протест, , е со фокус на МРТВ. Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски. Ќе им порачаме дека МРТВ е на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните! Нема правда, нема мир“, стои во најавата за денешниот протест.

19:04 : Свирчиња и револуционерни песни на протестниот марш на Шарената револуција

Со свирчиња и револуционерни песни, се одвива протестниот марш на Шарената револуција која денеска оди кон зградата на МРТВ. Демонстрантите извикуваат „Оставка“, „Мафија на робија“ и „Дојдете со нас“


19:19 ВИДЕО: Шарената револуција стигна пред Собрание, ечи „Неправда“ од Лева патика

Новиот протест на Шарената револуција кој започна од пред СЈО во 18 часот пристигна пред Собранието. Протестниот марш го предводи возило „облечено“ во боите на револуцијата, а од него се слушаат песни.

 

Видео – Стандард.мк


19:39 Шарената револуција ја обои милионската ограда на мостот кај Холидеј ин

Продолжуват акциите на Шарената револуција. Денеска на мета се најде ограда на мостот „Слобода“ кај Холидеј ин, која беше платена над 1,3 милиони евра.

Ch3uT8RWEAAI49N[1]

Фото – Фејсбук/Твитер


19:57 ФОТО: „Специјалните единици“ на Шарената револуција го остава својот „потппис “

Денеска на Шарената револуција и се придружија и „специјални единици“ кои со пушки-играчки наполнети со боја помогнаа во боењето на милионската ограда на мостот кај МНР. Вообичаено, демонстратите досега ги гаѓаа објектите со балони со боја.

Фото – Твитер


20:01 ВИДЕО: Илјадници демонстранти пристигнуваат пред МРТВ се слушаат „бомбите“ за рекетирањето на новинарите, настап на Белизе бенд

Ch3yXJQXEAAvQXD

Шарената револуција по маршот низ скопските улици пристигна пред зградата на МРТВ, која е денешната цел на протестот. Таму се слушаат снимки од „бомбите“, меѓу кои и снимката во која се слушаат гласовите на екс-министерката Јанкулоска и шефот на премиерскиот кабинет Протоѓер како се договараат кои новинари да се викнат на брифинг. Пред демонстрантите настапува и „Белизе бенд“.

 

 

 

Фото и видео – Фејсбук/Твитер


 

Демонстрантите кои се дел од Шарената револуција на полицајците  пред зградата на МРТВ,  им подарија ружи  и со тоа го честитаа 7 мај, Денот на полицијата.

Фото – Твитер

20:34 : Битола  не запира и вечерва на протест, Шарената револуција го обои судот

Во продолжение погледнете фотографии од вечерашниот протест. После Скопје, Битола е вториот најактивен град во Шарената револуција уште од самиот почеток, по скандалозната одлука на Иванов за помилување на политичарите. На денешниот протест, Шарената револуција го обои Основниот суд во Битола.

Фото – Фејсбук


20:45 : Шарената револуција ја обои и зградата на МРТВ

Шарената револуција по маршот низ скопските улици пристигна пред зградата на МРТВ, која е денешната цел на протестот. Таму се слушаа снимки од „бомбите“, меѓу кои и снимката во која се слушаат гласовите на екс-министерката Јанкулоска и шефот на премиерскиот кабинет Протоѓер како се договараат кои новинари да се викнат на брифинг. Пред демонстрантите настапуваше и „Белизе бенд“. На крај демонстрантите напишаа „Крај на програмата“ и ја обоија зградата на МРТВ.

Фото – Твитер


21:10 ФОТО: Непознато лице скришно ги снимаше демонстрантите па се скри позади полицијата

На вечерашниот протест на Шарената револуција се случи и мал инцидент кога непознато лице ги снимаше демонстрантите, па настана мал инцидент откако дел од нив го прашаа кој е и зошто ги снима, па тој се повлече и се сокри позади полицијата. Сомнежите на демонстрантите се дека се работи за полициски снимател во цивилка. Претходно, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Чавков, им се закани на демонстрантите дека се се снима.

Ch3_9pFXAAAJUKf[1]

Фото – МЕТА


21:38 ФОТО: Протест на Шарената револуција во Струмица, обоени постери со ликот на Иванов

Шарената револуција и вечерва излезе на протест во Струмица, а беа обоени и постери со ликот на Иванов.


21:44 ГАЛЕРИЈА:И  Кичево протестираше – „Нема правда, нема мир!“

Денеска и Кичево излезе на протест како дел од Шарената револуција. Граѓаните протестираа против аболицијата која Иванов ја овозможи на политичарите под слоганот „Нема правда, нема мир!“.


21:49 ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција на протест и во Кочани

И Кочани излезе на протест како дел од Шарената револуција, со транспаренти, свирчиња и шарени балони, против одлуката за помилување на политичарите.