Британија под закана од тероризам

од Vladimir Zorba

 

  Велика Британија се наоѓа пред најалармантна закана од исламиски екстремисти, кои планираат да изведат масовни напади, изјави денеска шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Ендру Паркер. Тој додаде дека такво ниво на закана никогаш не видел во својата кариера, која треа 34 години.

– Заканата е разновидна како никогаш претходно: заверите настануваат во Велика Британија, но пристигнуваат и од странство, потоа има комплетно планирани напади, но и спонтани напади во кои се користат само ножеви, наведе Паркер.

– Велика Британија има осуетено 20 планирани напади во изминатите четири години, а во изминатите седум месеци спречени се седум исламистички напади, посочи Паркер.

  Во Велика Британија годинава имаше пет терористички напади, во кои вкупно загинаа 36 луѓе. во продолжение хронологија на анстаните:

 

22 март

Британецот Халид Масуд (52) уби пет лица, а повреди 50 во близина на Парламентот откако со изнајмено возило удри во пешаци на Вестминистре мостот, а потоа избоде до смрт полицаец. Масуд беше елиминиран од полицијата.

22 мај

Салман Абеди (22), Британец со либиско потекло уби 22 лица, а неколку стотини луѓе повреди откако акртивира бомба на концерт во Манчестер. Исламска држава презеде одговорност за нападот.

3 јуни

Осум луѓе загинаа, а 48 се повредени во напад на Лондонскиот мост. Прво комбе удри во пешаци во Лондон, а потоа тројца напаѓачи почнаа со ножеви да ги прободуваат пешаците. Сите трројца напаѓачи беа елиминирани од полицијата. ИД презеде одговорност и за овој напад.

19 јуни

Едно лице загина, а најмалку осум луѓе беа повредени откако комбе удри во група муслимански верници кои излегуваа од џамијата во Финсбури Парк во Лондон.

15 септември

Во бомба поставена во лондонското метро повредени се најмалку 22 лица. За нападот никој не презеде одговорност./МИА

Слични содржини