Хрват е сопственик на најголемиот светски илегален сервис за кибер-напади

од desk2

 

Сопственикот на најголемиот светски илегален сервис за кибернетички напади, Webstresser.org, е 19-годишен Хрват, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска, кое го уапси момчето и го пријави за кривични дела против компјутерксите системи поради што му се заканува казна од една до осум години затвор.

Webstresser.org е најголем светски интернет сервис каде може да се изнајми услугата DDoS (Distributed Denial of Service) за кибернетички напади на сопственици на интернет страници во целиот свет.

Со повеќе од 136.000 регистрирани корисници и четири милиони кибернетички напади со април 2018 година Webstresser претставуваше најголема закана за клучните on-line услуги кои ги нудат банките, бизнисите, државните институции и други.

Полицијата која го фати момчето всушност е посебно одделение за кибернетичка безбедност, со што велат хрватската полиција е подготвена да се бори со најсложени видови кибернетички закани.

Хрватската полиција имала поддршка од Европол, националните полициски служби на Холандија, Велика Британија, Канада, Србија, Шпанија, Италија и Хонг Конг, кои уапсиле помагачи и корисници на услуги од DDoS нападите.

При спроведување на DDoS напад, кој го овозможуваше Webstresser, напаѓачот далечински управува со поврзан и уреди споени на интернет и ја пренасочува глмеата количина интернет сообраќај кон одредена страница, со што го успорува работењето или предизвикува потполно недостапоност до сервисот при што не може да им се пристапи на on-line услугите.

Некогаш напаѓачите мораа да знаат многу за начинот на функционирање на интернет технологијата, но со овој сервис како Webstresser, секој корисник можеше со накнада по пат на on-line платформа за плаќање или во криптовалути како Биткоин за износ од 15 евра на располагање да ја има интернет структуратакоја овозможува DDoS напади на web страници по избор на корисникот.

Слични содржини