Хрватскиот државјанин Томислав Салопек, киднапиран минатиот месец во Египет, најверојатно е убиен, јавија светските агенции повикувајќи се Твитер налозите кои ги користат припадниците на Исламска држава.

На Твитер се појавија фотографии на кои наводно се гледа телото на обезглавениот Хрват.

Salopek-620x350

Салопек е киднапиран на 22 јули на подрачјето на Каиро, а исламските милитанти на 5 август се заканија дека за 48 часа ќе го убијат ако египетската Влада не ги ослободи уапсените муслиманки. Киднаперите оттогаш не се огласија, а египетските безбедносни сили покренаа голема потрага по Салопек. /МИА

Слични содржини