Хрватска ќе бара расветлување на смртта на Слободан Праљак

од desk4

Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ денеска изјави дека државата ќе бара одговори од Хашкиот трибунал за смртта на поранешниот командант на силите на босанските Хрват, Слободан Праљак, кој почина откако во судница испи отров.

Бошњаковиќ најави дека Хрватска ќе побара од властите во Холандија да бидат вклучени во истрагата за смртта на Праљак. Тој додаде дека дека многу нешта за смртта на Праљак остануваат нејасни, вклучително како отровот бил внесен, зошто обезбеудвањето не реагирало навреме и зошто медицинската помош пристигнала доцна.

Слични содржини