Портпаролот на вуковарско-сремската полиција, Домагој Џигумановиќ, соопшти дека меѓу бегалците во прифатниот центар во Опатовац, на истокот на Хрватска, се наоѓа и една 105-годишна Авганистанка.

30082015131508_имигранти-520x292

Џигумановиќ соопшти дека жената во кампот пристигнала попладнево со група бегалци и мигранти, кои во Хрватска од Србија влегле преку подрачјето Бапске. Жената се наоѓа во камп, каде ќе биде регистрирана, а потоа, ако е потребно, ќе ѝ биде пружена и потребна помош.

Низ хрватска во последните 40 дена минале повеќе од 263.000 бегалци и мигранти кои сакаат да стигнат до државите од Западна Европа, а најчесто до Германија.

 

МЕТА

Слични содржини