Хрватска најави субвенции за купување на еко-автомобили

од desk2

Хрватскиот министер за заштита на околината и енергетика, Томислав Чориќ и директорот на Фондот за заштита на околината и енергетска ефикасност Дубравко Понош, заедно го најавија отворањето на повикот за субвенции за купување еколошки возила на граѓаните на Хрватска.

Како што пренесува Jutarnji, на располагање ќе бидат околу 1,6 милиони евра наменети за физички лица и околу 1,8 милиони евра за компании. Граѓаните ќе можат да добијат најмногу субвенции во износ од 40% од вкупната вредност на автомобилот, а за електричните возила субвенциите ќе изнесуваат околу 10.000 евра. Како пример е даден електричниот автомобил Volkswagen Up!, чија продажна цена е околу 27.000 евра, а со субвенциите ќе може граѓаните да го набават за околу 17.000 евра.

До 5.000 евра ќе изнесуваат субвенциите доколку граѓаните се решат за хибриден автомобил, со услов истиот да има емисија на јаглерод диоксид помала од 50 г/км. Купувањето на електрични скутери, мотоцикли и четирицикли на струја ќе се субвенционира до 2.700 евра, додека пак за купување на електрични велосипеди ќе бидат достапни субвенции од околу 700 евра.

Porsche 16.04.2018 Skoda Superb
„Со субвенционирањето на електрични возила сакаме да ги поттикнеме купувачите сериозно да размислуваат да набават автомобили кои помалку загадуваат. Светската автомобилска индустрија се движи токму во таа насока, а субвенциите кои ги обезбедивме за граѓаните ќе биде дополнителен поттик за одржлива мобилност“ изјави министерот Чориќ.

За да аплицираат за субвенциите граѓаните на Хрватска ќе мора да достават доказ дека автомобилот е нов, а во случајот со електричните велосипеди дека претходно не се користени.

Слични содржини