vladahrva
Хрватска се противи на барањето на Европската комисија секоја членка на унијата да издвои средства за помош на Грција.

За прва пат откако стана полноправна членка на ЕУ, од Хрватска се бара да се приклучи на останатите заемодавачи и да издвои од буџетот околу 50 милиони евра за Грција.

Тоа значи дека секој од 1,29 милиони вработени Хрвати од својот џеб ќе мора да издвои околу 300 куни или 40 евра кои ќе завршат во грчката каса.

Барањето е дочекано во Хрватска со многу негодување, пред се од министерот за финансии Борис Лаловац кој најави дека ќе и се спротивстави на Европската комисија.

– Имаме многу јасен став дека членките на еврозоната преку внатрешните механизми треба да пронајдат решение за финасирање на Грција, рече тој во Брисел.

Одлуката може да се донесе без одобрување на владите на државите членки, но сепак Лаловац најави дека Хрватска ќе поднесе протест за ваквото решение.

Заемот за Грција би одел преку фондот за финасиска стабилност кој е наменет за ита помош на загрозените економии. Од тој фонд досега пари добија Португалија и Ирска, а во него во моментов има 13 милијарди евра. За да се актвивира фондот треба позитивно да се изјаснат 55 насто од државите членки кои имаат повеќе од 65 проценти од вкупното население во ЕУ.

Освен Хрватска, против ова решение за помош на Хрватска се и Велика Британија и Чешка.

Слични содржини