111
Хрватска на словенечкиот вршител на должност во Загреб – Марко Раковец му предаде остра нота поради подигнување на жичана ограда на границата со Хрватска, објавено е денеска во Љубљана.
Според тврдењата од Загреб, оградата некаде е поставена на делот на хрватската територија. Словенија за сега нема намера да ја отстрани оградата и тврди дека не станува збор за некаков потег кон Хрватска, туку дека жицата е поставена поради усмерување на протокот на бегалците на официјалните гранични премини.
Поставувањето на оградата денес продолжи од Обрежје кон граничниот премин Раковец и Словенски васи.