Репрезентацијата на Хрватска направи вистинска сензација на ракометното Европско првенство откако во последниот натпревар од групата 1 синоќа во Краков ја совлада Полска со 37:23 и поради најдобрата гол разлика благодарение на високата победа избори пласман во полуфиналето.87487-119507

За влез во „четворката“ на Хрватска и беше потребна победа од 11 голови разлика, а избраниците на селекторот Жељко Бабиќ стигнаа до посакуваниот триумф за полуфиналето.

Мануел Штрлек со 11 голови беше најефикасен на натпреварот.

Во групата 2 со победата над Русија селекцијата на Шпанија го освои првото место и го искористи киксот на Данска. Шпанија и Германија имаат ист број бодови, но поради победата во меѓусебниот дуел Шпанија е првопласирана.

Резултати:

Група 1: Македонија – Белорусија 29:30, Франција – Норвешка 24:29, Полска – Хрватска 23:37.
Табела: Норвешка 9, Хрватска 6 (+6), Франција 6 (+2), Полска 6 (-8), Белорусија 2, Македонија 1.

Група 2: Шведска – Унгарија 22:14, Германија – Данска 25:23, Шпанија – Русија 25:23.
Група 2: Шпанија 8, Германија 8, Данска 7, Шведска 4, Русија 3, Унгарија 0.

Двојки за полуфинале (се игра утре):
Норвешка – Германија и
Хрватска – Шпанија.

Во Вроцлав исто така утре ќе се играат натпреварите за пласман: Полска – Шведска (за 7.место) и
Франција – Данска (за 5.место).

Македонија Европското првенство го завршува на 11.место со две нерешени средби и четири порази./МИА

Слични содржини