Хрватска: Војската чисти снег, проблеми во сообраќајот

од desk2

Интензивните врнежи од снег предизвикаа бројни проблеми во патниот, железничкиот и поморскиот сообраќај во Хрватска, во петок, а за расчистување ангажиирана е и војската.

Повеќе од 100 војници расчистуваат снег на повеќе локации. Некои од нив се стационирани и во Доњи Лапац каде моменталната висина на снегот е 90 сантиметри.

Снегот се уште паѓа, а војниците и припадници на полицијата постојано чистат.

Со оглед на тоа дека движењето на граѓаните е отежнато полициските службеници им помагаат.

Спроведено е и ограничување на сообраќајот, а се проверуваат и возилата дали имаат зимска опрема. Сообраќајот за камиони со приколки е забранет.

Министерот за одбрана ќе ги посети попладнево војниците кои помагаат за расчистување на снегот.

Во повеќе населени места и регионални патишта сообраќајот е потполно забранет.

Не се забележани поголеми проблеми со доставувањето електрична енергија, вода и намирници.

Слични содржини