Албанија и Босна се потпирачот на неоосманизмот на Балканот!

од Vladimir Zorba

Албанците и Босанците се главната потпора за турското влијание на Балканот.

Под овој наслов авторитетното хрватско списание “7дневно” објави обемна анализа на главниот уредник за неоосманистките планови на новиот господар во Анкара Таип Реџеп Ердоган и неговиот идеолог Ахмет Давутоглу. “По распадот на Советскиот Сојуз Европа го ограничи турското влијание на Балканот. По завршувањето на војните во Хрватска и Босна и особено по онаа во Босна и Херцеговиня Европа се повлече. Со доаѓањето на власт на Ердоган во 2002 година Анкара ја користи оваа ситуација за пенетрација на Балканот.

Во Босна и Херцеговина Ердоган има огромно влијание и таму на пракса тој го одредува секое движење. Промената настапи со програмата во книгата “Стратешка длабочина” на поранешниот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ахмет Давутоглу – главен идеолог на Ердоган. Значењето на Балканот за Турција најдобро се гледа во следната реченица од книгата на Давутоглу: “Заштитата на Истанбул започнува во Јадранското Море и Сараево”, потсетува главниот уредник на неделникот и појаснува: со овие зборови тој ја нагласува важноста на Балканот за Турција, која треба да се зголемува своето влијание во овој регион. “Ова се однесува особено за муслиманското население и, пред сè, за Босанците и Албанците кои се татковци на османлиското наследство”, како што тврди Давутоглу.

За него од стратешки интерес е поврзување на муслиманите на Балканот – од Македонија, Косово, Санџак и Босна и Херцеговина. “Маргинализирањето на овие заедници, со кои Турција има судбинска унија, би значело крај на османлиското наследство во регионот”, предупредува Давутоглу. Според него проширувањето на неосманистката како концепт треба да минува низ муслиманските малцинства, без оглед на тоа каде живеат. Во оваа врска Турција има две краткорочни и две долгорочни цели во надворешната политика на Балканот – зголемување на моќта на Босна и Албанија. Освен тоа Анкара треба да се грижи за муслиманските малцинства и нивните права. Турција треба да се борат на меѓународно ниво за легализација на татковството врз балканските муслимани – правото да интервенира при заштитата на нивните права. За властите во Анкара Турција не може да биде фактор во меѓународните односи, ако не е во можност да создаде сопствена сфера на влијание на Балканот. И главен фактор за ова влијание се Босанците и Албанците. Оваа доктрина предвидува инструментализацияјата на балканските етнички малцинства и држави. Во публикацијата се нагласува дека во босанската престолнина Сараево се  прославуваа победата на Ердоган на референдумот од минатата недела, но, исто така, дека тој добил поддршката на неколку терористички исламистички групи како “Ахрар Ал-шам”, “Жаиш Ал-Ислам”, “Фајлак Ал-шам” и од бригадата “Султан Мурат”. “Давутоглу си замина, но идеолошката рамка се задржува. А со резултатите од референдумот Ердоган доби неограничена моќ и без сомнение станува опасен за Балканот”, се вели на крајот на анализата на главниот уредник на  хрватско списание “7дневно”.

Слични содржини