Image_5004564_407

Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ соопшти дека очекува денеска или утре да биде укината блокадата на границата со Србија.

“Заедно со соработниците работиме интензивно денес или утре да ги повлечеме мерките на границите, кои владата на Хрватска беше должна да ги преземе”, напиша во својот профил Миловановиќ. Тој пишува уште дека не сака хрватските фирми и работници, како и оние во Србија да страдаат.

Во меѓувреме, хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ соопшти дека Србија продолжува да праќа во Хрватска бегалци. Само во текот на изминатата ноќ во земјата илегално поминале околу 5.000 луѓе. Од минатата среда до денес од Србија во Хрватска влегле 59 000 мигранти.

Слични содржини