Huawei P20 Plus ќе има 4000 mAh батерија и Always on дисплеј

од Vladimir Zorba

Huawei P20 Plus, кој ќе биде објавен на 27-ми март на специјален настан во Париз, ќе има OLED дисплеј и 4000mAh батерија.

Информациите доаѓаат од XDA Developers, кои можат детално да го истражат софтверот на уредот обезбеден од услугата FunkyHuawei.

Функцијата Always on Display е откриена во кодот, кој е достапен само во друг модел на кинеската компанија, а тоа е Mate 10 Pro со OLED дисплеј. Ова сугерира дека уредот веројатно ќе ја има оваа технологија.

Повторно од софтверот станува јасно дека батеријата Huawei P20 Plus ќе има капацитет од 4000 mAh, што претставува сериозна надградба до 3320 mAh во стандардниот P20. Се уште не е познато дали ова ќе биде единствената разлика помеѓу двата модели или Huawei ќе додаде повеќе RAM и внатрешна меморија на P20 Plus како што беше во серијата P10.

На крајот од минатата година, XDA Developers откри дека уредите ќе имаат екран со пресек на врвот, а тоа е потврдено и во неодамнешните истечени слики на P20.

Слични содржини