„Хуриет“: Турција го повлекла целото злато од САД

од desk2

Централната банка на Турција во 2017 година ги повлекла сите златни резерви од американските Федерални резерви, пишува весникот „Хуриет“.


Апоред весникот, одлуката за повлекување на златните прачки била донесена поради влошувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон за многу регионални и билатерални прашања.
Систематското повлекување од американските Федерални резерви почнало во 2017 година.
Во САД се чувале речиси 28,7 тони од овој скапоцен метал, наведува весникот.

Потврдата за таа информација се наоѓа во официјалниот извештај на Централната банка од април.
Во делот за резерви на Турција во САД за 2016 година се наведува бројката од 28.689 килограми злато, додека во 2017 година тоа поле е прецртано. Вкупниот обем на златни резерви на земјата, како што се наведува во извештајот, се проценува на 565,6 тони, односно 20 милијарди долари во парична противвредност.

„Хуриет“ објаснува дека златото кое е повлечено од САД делумно е вратено во Турција, додека остатокот е распореден по Европа: во Централната банка на Велика Британија и Банката за меѓународни сметки во Швајцарија.

Слични содржини