И ад хок телото по стапките на Пржино: Нема договор за петтиот член, нова средба утре

од Vladimir Zorba

mediumi1

Заврши средбата на членовите на ад хок телото со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.

Од привременото тело кое треба да ја контролира работата на медиумите за време на предизборниот период, официјално не откриваат дали на денешната средба постигнале некаков договор.

Цветин Чилиманов, членот на ад хок телото предложен од ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил објави дека утре напладне ќе имаат нова средба.

„До заинтересираните колеги, следната ад хок средба е утре во 12 часот“, пишува на страницата на Чилиманов.

Неофицијално дознаваме дека петтиот член кој мора да биде Албанец не е избран и дека и на утрешната средба ќе има само консултации.

Вчера истече последниот рок до кој требаше да се избере петтиот член на ад хок телото, кое треба да ги контролира медиумите во предизборниот период.

Утринава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку соопштенија меѓусебно се обвинија за неуспехот на ад хок телото. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека СДСМ се плаши од избори, а од опозицијата обвинија дека владејачката партија не сака во Македонија да има слободни и независни медиуми./Мета

Слични содржини