Арнолд Шварценегер се придружи кон сеопштото незадоволство против убиецот на зимбабвискиот лав Сесил.arnold-large

Терминаторот го стори тоа преку фото-колаж кој го пушти на Инстаграм. Колажот се состои од две фотографии една до друга, а на едната младиот и мускулест Арни стиска под пазувите два пехара за титулите Мистер Универзум. Придружниот текст гласи: “Ова се трофеи!” На другата фотографија со убиениот Сесил пак пишува: “А тоа не се”.55b9f0d5e8a5f

Миленикот на сите Зимбабвијци, Сесил, беше застрелан од американскиот забар Волтер Палмер. Лавот беше поразен од самострел, а потоа доубиен со истрел во главата на 30 јуни во националниот парк Нванге. Палмер, кој им платил на организаторите на ловот 54 илјади долари, последователно се извини. Ден-два подоцна стоматологот беше принуден да замине во илегала поради бројните закани кои ги доби.

Слични содржини