Во бриселските атентати загинаа  и американски државјани па ФБИ , поради што полицијата на Њујорк одлучија веднаш да испратат делегација која ќе отвори сопствена истрага, најави  Џон Милер, висок функционер на антитерористичката полиција на Њујорк.атентатори

– Доаѓаме затоа што има американски жртви и лица од САД во бриселските атентати и ќе има истрага на ФБИ, рече тој.

Четворица мормонски мисионери се ранети. Од нив тројца се во тешка состојба а се чини дека загинал еден припадник на американската воздушна армија. Но точниот број на американските жртви во Брисел не беше соопштен.

Се уште исто така не е познат точниот број на жртвите од четирите терористички напади. Последните информации велат дека има околу 30 загинати и над 200 ранети.

Според директорот на ургентните служби на една бриселска болница, повеќе лица се во животна опасност и можно е трагичниот биланс на жртвите да се зголеми.

Во меѓувреме полицијата врши претрес во една бриселска општина каде што се пронајдени експлозивни направи, хемиски производи и знаме на терористичката организација Исламска држава која јави дека стои зад атентатите.

Адресата за претресот е откриена благодарение на таксист кој ги возел терористите на аеродром во вторникот рано наутро и се јавил во полиција откако ја видел сликата на која фигурираат тројца мажи и разбрал дека се трага по едното од трите лица. Другите двајца се разнеле со експлозив на аеродромот. Такси возачот  раскажал дека првично тие имале 5 куфери. Меѓутоа поради малата големина на возилото, два од нив требало да бидат оставени. Покрај тоа, тој се сетил дека кога им понудил помош, мажите му откажале и не му дозволиле да им се меша и да го допира багажот.

Холандија, земјата претседавач со ЕУ, ги повика шефовите на европските дипломатии утре да одржат средба  во Брисел и да разговараат за последните трагични настани во Брисел.

Слични содржини