И грчки воени претставници биле на поменот за загинатите бугарски војници на Кајмакчалан

од Vladimir Zorba

kajmakcalan

Архимандритот Атанасиуос во присуство на воени делегации од Бугарија и од Грција одржал молитва за душата на паднатите бугарски херои битката на планинскиот врв Кајмакчалан, од септември 1916 година, јавува дописникот на „Мета“ од Софија.

На поменот присуствувала бугарска делегација, предводена од началникот на одбраната, генерал Константин Попов, адмиралот и пратеник Пламен Манушев и поранешниот командант на поморските сили, бригадниот генерал Јавор Матеев, командант на 68-те бригадни „специјални сили“ и војници од бригадата, војници, како и генералниот конзул во Солун, претставници на грчката армија, пратеници од различни партии, градоначалникот на Садово, како и потомци на хероите.

Лошото време не ја спречило делегацијата да положи венци и цвеќиња на паднатите прадедовци, бугарски херои кои учествувале во битката на Кајмакчалан во септември и октомври 1916 година. За прв пат по 100 години, поп ги опеал душите на паднатите борци, а на поменот беше поделен леб и пченица за душите на загинатите.

Началникот на одбраната, Константин Попов, рекол дека се обележува денот посветен на сите кои ја направија историјата на Кајмакчалан.

– Присутни се грчки генерали, офицери кои им одаваат почит на загинатите, без разлика на нивната националност, затоа што по сто години мора да собереме храброст да подадеме рака и да ги запреме поделбите – рекол генералот.

Слични содржини