И Илија Димовски се жали – нема да бегал !

од Vladimir Zorba

 Не постои опасност од бегство, се јавува  на сите покани во СЈО, доколку имал намера да бега, тоа до сега имал доволно време да го стори  се жали Димовски во барањето за враќање на пасошот! Жалбата му е одбиена.

Судиите од скопска Апелација ја отфрлија неговата жалба и го потврдија решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран  криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 од Скопје.

Димовски во жалбата наведува дека не постои опасност од бегство, се јавувал на сите покани во СЈО, доколку имал намера да бега, тоа до сега имал доволно време да го стори, па нејасно е од кои причини и врз основа на кои конкретни докази судот го темели заклучокот дека во конкретниот случај против обвинетиот потребно е да бидат определени мерки за претпазливост.

Жалбата  на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и координатор на пратеничките групи на партијата Илија Димовски е одбиена.

Слични содржини