Белгија и Франција се на работ на нов дипломатски скандал, откако француската полиција уапси и испрашуваше со часови белгиски полицајци, објавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта, кога белгиски полициски автомобил враќал илегални мигранти кон Франција. Според законот белгиската полиција е должна да ги врати мигранти, за кои е издадена наредба да ја напуштат Белгија, до границата на државата каде се инфилтрирале.

1469366994-federal-police-mexico

Белгиските полицајци навлегле 50 метри внатре во територијата на Франција, без да сфатат како што тврдат нивните колеги. Автомобилот со соодветните ознаки бил забележан од буден француски државјанин, кој веднаш дал сигнал до француската полиција. Така француските власти кои користеле автомобил без обележја, ги запреле белгиските полицајци им ставиле лисици и ги одвеле на сослушување.

Истовремено мигрантите биле оставени да одлучат, во која насока да одат. Белгиските полицајци биле испрашувани во текот на повеќе од четири часа без адвокат и преведувач. Се прецизира дека тие биле Фламанци, односно најверојатно им било тешко да се изразуваат на француски.

Претставник на француската полиција коментира дека прашањето со мигрантите е доволно чувствително, за да се нанесуваат слични удари под половината од белгиска страна. Според неговите зборови ситуацијата лесно може да се испушти од контрола.

Белгиски полициски синдикат инсистира за интервенција на министерот за внатрешни работи и се заканува со штрајк. Уапсените белгиски полицајци веќе се на слобода.

Последниот дипломатски скандал меѓу Белгија и Франција беше пред неколку месеци, кога беше откриено дека белгиските власти не им поднеле на француските колеги навремени информации.

Благодарение на овој пропуст избега Салах Абдеслам, кој учествуваше во ноемвриските напади во Париз. Се претпоставува дека неговото апсење само четири месеци подоцна придонесе за успехот на атентатите во Брисел, од кои денес се навршуваат шест месеци.

Слични содржини