И осомничениот од СЈО за лажните лични карти, Мунир Пепиќ, со оружје во Собранието

од Vladimir Zorba

Во просториите на Собранието во четвртокот вечерта кога брутално беа нападнати пратеници од парламентарното мнозинство, новинари и вработени во парламентот, бил и Мунир Пепиќ, вработен Агенцијата за разузнавање, а поранешен вработен во  Полициската станица „Бе-ко“, пишува Либертас.

Тој бил внатре со службено оружје и легитимација, иако не бил на задача, а службениот автомобил му бил паркиран кај Градска болница. Очевидци велат дека Пепиќ бил виден како го удира пратеникот Павле Богоевски.

 Инаку тој е осомничен во случајот „Титаник“ на СЈО за времето кога работел во Полициската станица „Бе-ко“.

 

munir pepic gr

 „Осомничениот е посочен од осомничената Ј.Г. и сведоците Ф. С. и А. Е. како лице кое има најголем удел во целокупната активност на носење на лица на групно фотографирање за лични карти, како лице кое во управните служби се однесувало конфорно, речеси како претпоставен на сите вработени и лице кое ги носело лицата од П. (Пустец, н.з.) и Г., на фотографирање за незаконски лични карти, со живеалиште во Ц. (Центар, н.з.), па обвинителството смета дека опасноста од влијане на сведоците во конкретната ситуација, кога со наредба за спроведување истражна постапка на осомничениот на товар му се ставаат конкретни и сериозни кривични дела е повеќе од сигурна, при што се наведува дека осомничениот шетал вооружен, како и на денот на неговото испитување во просториите на обвинителството, па не може да се прифати фактот дека не постојат околности дека истиот ќе ја попречува истрагата со влијане врз сведоци“, било кажано од обвинител на СЈО, пред Кривичниот совет, пишува Либертас.

Слични содржини