И пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од првиот собраниски состав ги поддржаа Реформаторите

од desk3

Дел од пратениците од првиот парламентарен состав од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека нивната партија мора да се реформира во демократска партија, а не како што е сега султан-партија.

„Мора да се врати на старите победнички патеки. Како пратеници ги поддржуваме реформистите и мора внатрепартиската демократија да биде застапена, а сѐ во интерес на државата и на партијата“, рече Михаил Пановски.

Александар Михајлоски од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ рече дека му е чест што добиваат поддршка од пратениците кои го поставиле темелот на Република Македонија.

Сите се согласија за почитување на принципите на слобода на говор и мисла, рамноправност, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, идивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.

Реформаторите пораачаа дека поддршката од пратенците е од големо значење на Меѓународниот ден на демократијата и значи дека се на вистинскиот пат и дека ги застапуваат вистинските вредности и принципи на ВМРО-ДПМНЕ и интересите на Македонија.

Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ носи наслов „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“.

Михаил Пановски, Ратка Димитрова, Ѓулистана Марковска и други пратеници од првиот собраниски состав вчера ја потпишаа Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ на иницијаторите за реформи во ВМРО–ДПМНЕ.

Слични содржини