И принцот Вилијам уште во шок по смртта на мајка му

од Vladimir Zorba

Непосредно откако принцот Хари раскажа како се чувствува по загубата на мајка му Дајана, тоа го направи и неговиот брат принцот Вилијам.

Тој објасни дека уште се чувствува во шок од смртта на принцезата Дијана, иако поминаа 20 години од трагичниот момент, пренесе Ројтерс.

Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз во август 1997 година, кога Вилијам беше на 15 годишна возраст, а Хари – на 12.

“Сеуште чувствувам шок 20 години по смртта на мајка ми”, изјави принцот Вилијам во пренос на ББС, кое ќе биде емитувано денеска.

“Луѓето велат дека шокот не може да трае толку долго, но тоа не е така – појасни Вилијам. – Тоа е незаборавен момент, кој не те остава во целиот твој живот. Само мора да се навикнете да живеете со него “.

Принцовите Вилијам и Хари ги споделија своите чувства во рамките на кампањата, чија цел е да го привлече вниманието на јавноста кон прашањата поврзани со менталното здравје и да даде сила на луѓето да кажуваат отворено за своите проблеми.

Принцот Вилијам има издадено и снимка, во кој се гледа како разговара со американската пејачка Лејди Гага, која исто така изјави дека преживеала тежок момент кога била силувана на 19-годишна возраст.

Слични содржини