И се застана кај “атмосферата” ! За Димовски нема, за Шилегов има атмосфера за продолжување на рокот за работа на СЈО

од desk3

5727f9a8-f6e9-4b7c-8474-58310705f0ee_cx2_cy0_cw97_w610_r1_s_r1

Не се плашам да одговорам на сите прашања на пратениците денеска бидејќи имам поддршка од експремиерот Никола Груевски, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, презентирајќи го шестмесечниот извештај за работата на СЈО пред собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Јанева побара од пратениците да се направат измени на Законот за заштита на сведоци и на Законот за кривична постапка со кој ќе се продолжи рокот за работата на СЈО, бидејќи тоа, како што рече, е во интерес на граѓаните.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кажа дека таа пред девет месеци кажала дека нема потреба од толкав број обвинители да работат во нејзиниот тим заради обемот на работата на СЈО.

” Можам слободно да кажам дека нема атмосфера во Собранието на Република Македонија да ви излезе во пресрет за барањето на рокот, но ако имате желба и намера да го зајакнете тимот и да ги вратите тие две обвинителки или да побарате други обвинители да бидат вклучени во тимот, или да побарате дополнителни лица да ви помогнат во брзината на работата, подготвени сме да разговараме”- изјави Димовски.

Според пратеникот на СДСМ- Петре Шилегов, тој ќе направел се за да се остварат барањата на СЈО.

“Госпоѓо Јанева, во вашето излагање до пратениците доставивте три барања. Од мене лично, а потоа и од политичката партија и коалиција на која што припаѓам како човек, ќе ја добиете поддршката за измени на законските решенија. Ќе направам се, без оглед колку уличарски да делуваат некои дофрлања и кај овие луѓе да се обидам аргументирано да им укажам на таквата потреба. Особено затоа што сакам да го ценам тоа што тие го тврдат, дека се целосно невини и дека вашата работа не се заснова на факти и аргументи”- посочи Шилегов.

Тој ги повика пратениците од власта ако навистина сметаат дека се невини да ги прифатат измените кои ги побара со Јанева, со што само ќе покажат дека не се виновни, во спротивно, ќе покажат дека се поддржувачи на обвинетите.

Слични содржини