Откако помина едногласно на парламентот, и  Советот на јавни обвинители синоќа  едногласно ја избраа Катица Јанева за прв специјален јавен обвинител на Македонија.

суд правда

Таа не присуствуваше на изборот., а и остана уште заклетвата која  ќе ја положи во текот на денешниот  ден.

Претходно, Собранието на Република Македонија го утрврди предлогот со поддршка на сите политички партии, кои со недели  преговараа за ова прашање и под притисок на меѓународните претставницимораа да  постигнат  договор, во последен момент пред истекот на рокот, според договорот со Хан ,од Пржино.

И Претседателот Ѓорге Иванов синоќа  во Подгорица, Црна Гора, каде со сопругата Маја е во дводневна посета, претходно го беше потпишал указот на Законот за специјалниот обвинител, откако текстот специјано му бил испратен по авион, и потоа истиот за  некој час  вратен во Македонија.

Првиот македонски специјален обвинител  ќе има единствена задача да ги гони кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Слични содржини