И таа е трудна? Семејството Кардашијан со уште еден член

од desk2

Судејќи според пишувањето на светските медиуми, реалити ѕвездата Кортни Кардашијан чека четврто дете, две години откако го роди најмладиот син.

„Кортни е трудна. Татко на детето е нејзиното момче Џунс Бенџим, но се уште не сакаат да ја потврдат веста“, вели извор за таблоидот „In Touch“.

Како што вели тој, американската ѕвезда се израдувала со резултатите од тестот, а во повеќе наврати истакнувала дека сака уште деца. Дури и кога раскина со долгогодишното момче Скот Дисик.

„Сакам барем шест деца, само не знам дали тоа е божјиот план“, рече таа своевремено.

Иако се заедно уште од мај, изворот вели дека Кортни е убедена дека 24-годишното момче ќе биде одличен татко.

„И треба некој што постојано ќе биде тука, а Џунс е добро момче“, заклучува тој.

Откако протекоа информациите за бременоста на најстарата сестра Кардашијан, светските медиуми почнаа да им честитаат, и истакнаа дека ова е вистински бејби бум во семејството.

Прво Ким Кардашијан потврди дека чека бебе, кое треба во јануари да и го донесе на свет сурогат мајка, а потоа дознавме и дека сестрите Кајли и Клои се бремени.

Сега изгледа во семејството стигнува четврта принова.

Слични содржини