И Тасев од Народна предлага Георгиевски да се врати на чело на ДПМНЕ

од desk4

Никола Тасев од редовите на ВМРО-НП го предлага Љубчо Георгиевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој, според него, би бил привремен лидер што би ги обединил сите разединети фракции и групации во ВМРО-ДПМНЕ.

-Како докажан демократ, 12 или 16 месеци да подготви атмосфера, да ги обедини сите струи, и уште сега да се закаже конгрес после 12 или 16 месеци и да се каже – на тој конгрес ќе се избираат делегати според ова, ова и ова, и сите групи, фракции можат да си поднесат кандидати, но да се знае дека кој ќе биде избран за партиски лидер мора да биде прифатен од сите – рече Тасев во дебата Клик Плус на телевизијата 21.

Претходно, и лидерите на Обединети за Македонија и Достоинство, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, предложија првиот лидер на ДПМНЕ Георгиевски повторно да застане на чело на партијата.

Слични содржини