Насекаде во земјава времето е облачно  со врнежи од дожд а на планините снег. Врнежите се со слаб до умерен интензитет. Дува слаб ветер од променлив правец.   

врнежи дозд снег

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20л/м2 воден талог . Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

 Во Скопје:

Облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 11  степена.

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 48 Маврови Анови,  36 Лазарополе, 5 Крушево.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2): 8 Лазарополе, 6 Битола, Крушево и Пожаране, 5 Маврово и Дојран, 4 Гевгелија и Претор, 3   Охрид, и Тополчани, 2 Тетово и Ѓуриште, и 1 литар во Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп и Струмица.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-2 Маврово, 0 Лазарополе и Крушево, 2 Берово и Претор, 4 Кр.Паланка, Битола, Прилеп, Охрид, 5 Тетово и Дебар, 6 Скопје, Кавадарци, Куманово и Виница, 7 Струмица и Штип, до 8 степени во Д.Капија, Гевгелија и Дојран.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Врнежите ќе продолжат и во сабота, особено претпладне но со послаб интензитет. Потоа времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст.

 

 

Слични содржини