Владеачката коалиција во Република Српска одржа состанок во Бања Лука, но претставниците на опозицијата не дојдоа.

bih

Претходно предизвикаа бура во јавноста со аудиоснимка која ја објави најголемата опозициска партиа во РС, Српската демократска партија.

Тврдат дека тоа е исповед на Миле Радишиќ, пријател на претседателот на Република Српска – Милорад Додиќ, кој по пресудата на бањалучкиот суд со која беше осуден на затворска казна побегна во Србија. На снимката зборува за корупција во врвот на ентитетската влада.

Тврдат дека во снимката се детаљи за сомнителни бизнис на министерот за финансии Зоран Тегелтија и контроверзниот бизнисмен од црната листа на Светска банка Младен Милановиќ Каја.

Во аудиоснимката се слуша Радишиќ: „ Каја се преку Уникредит банка добива кредит, благодарение затоа што над 600, 700 милиони пласира државни пари, односно со буџетски пари поминува во Уникредит банка“. Тоа се го контролира Зоран Тегелтија. И од тоа тие имаат некој процент. Не знам дали е еден или два во текот на една година. Тоа се многу пари“.

Голема е и улогата на претседателот Додиќ во корупцијата, судејќи по наводите на другата снимка, сметаат во Српската демократска партија. Планираат и тоа да го објават. Додиќ порачува дека не се плаши. Нема афера, тврди тој, само медиумски спинови.

Слични содржини