И во вториот круг да излеземе да гласаме !

од Vladimir Zorba

Да имаме фер и демократско гласање.

Имавме мирни, демократски и фер локални избори. Помала излезност од парламентарните избори, но сепак висока како за локални избори.Граѓаните покажаа голема демократска свест и излегоа да гласаат. Ставот „мојот глас не е важен“ одамна е надминат!

Луѓето во Македонија не се веќе пасивни, и не се задоволуваат само со коментари на фејсбук.

Во вториот круг за избор на градоначалник  ќе се гласа во 35 општини, а одскопските општини битката ќе се води во КиселаВода, ГазиБаба, Сарај, Бутел, Чаир и ШутоОризари.

Луѓето знаат дека  доколку не излезат на избори, оставаат можност за нивните потреби друг да одлучува, некој што воопшто и не ги разбира. Дека со својот глас тие реално можат да влијаат на нештата што се случуваат во нивното секојдневие, како што се уредување на градската инфраструктура, простор за креативно изразување, културни и забавни содржини, и многу повеќе.

Додека гласачите на политичките партии немаат дилеми, и точно знаат што сакаат и ќе ја завршат својата должност, сеуште, иако малку, постојат и такви кои би преферирале викенд во Грција, релаксација во викендица,  млади луѓе изморени од вечерната забава коиги мрзи да гласаат.

Истите тие треба да знаат дека правото на глас треба да се смета за привилегија, што вклучува одреден степен на одговорност. И дека ако сега не гласаме, немаме морално право утре да се жалиме за нешто!

 

Кога ќе изгласаме кандидат за градоначалник и советници, тоа ќе се одрази врз секој аспект од нашите животи во општината.

Затоа, не бидете пасивни, излезете да гласате во вториот круг, секој глас значи.

Слични содржини