Ибрахимовиќ „во аут до крајот на сезоната„

од Vladimir Zorba

За Златан Ибрахимовиќ кој се повреди синоќа во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа на дуелот на неговиот Манчестер Јунајтед против Андерлехт сезоната заврши.

Шведскиот фудбалер со болен израз на лицето го напушти теренот, а по денешните детални прегледи информациите од Манчестер се дека тој нема да игра до крајот на оваа сезона, а кога ќе се врати на теренот за сега не е познато.

Ова се лоши информации за Манчестер Јунајтед кои во следниот период ќе го нема во составот првиот напаѓач.

Јунајтед синоќа се избори за полуфинале во Лига Европа каде ќе се сретне со Селта, а во Премиер лигата го очекуваат уште седум натпревари.

Слични содржини