Ибраими: Химната не беше за провокација!?

од Vladimir Zorba

Не сакавме да провоцираме и тоа што ја запеав химната не беше со цел да се испровоцира инцидент. Рече пратеникот од БЕСА, Зекирија Ибраими.

„Ние пратениците на Беса бевме во салата на седницата кога беше избран господинот Џафери. Тогаш сите пратеници станаа и можам да речам дека ние бевме последни од групата која излезе од салата и како и секој ден кога завршува седницата тргнавме кон излезот. Видовме дека има врева и дека има толпа од протестантите. Бидејќи тие веќе не препознаа мене и пратеникот Африм Гаши, почнаа да не пцујат. Со најголема искреност, да знаевме дека има такво сценарио, иако прашањето за националната химна е нешто што никој не може да ни го забрани, можеби за да не ескалира ситуацијата, не би го направил тоа. Но, претходно ние не бевме информирани дека постои сценарио за избор на господинот Џафери“, вели Ибраими./извор АлсатМ

Слични содржини