Терористичката група Исламска држава обезглавила 15 свои борци во Авганистан, јавија западни медиуми повикувајќи се на претставници на локалните власти.

– Егзекуциите се извршени на пазар во Сурк аб, во источната авганистанска провинција Нангархар. Причина се внатрешни несогласувања, изјави Атаула Хогјани, регионален гувернер.

Советник на авганистанскиот претседател изјави дека бројот на борци на ИД во државата е меѓу 3.000 и 4.000. Меѓу нив се и платеници и криминалци од Пакистан, Авганистанци, но во основа на ИД во Авганистан се припадници од Исламското движење на Узбекистан, кои се заколнале на верност на ИД, изјави Мохамад Атмар.

Според него, вкупниот број на странски борци во Авганистан е околу 10.000.

– Авганистан предложи заедничка конференција на шефовите на разузнавачките служби во Авганистан, Русија и држави од централна Азија, изјави Атмар.

Слични содржини