ИД ја презеде одговорноста за нападот врз методистичка црква во Пакистан

од desk4

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз црквата во пакистанскиот град Кета, во кој загинаа осум лица, а 42 се повредени.

Американските медиуми јавија, дека агенцијата на ИД, Амак, објавила соопштение на Интернет каде се наведува дека двајца припадници на екстремистичката организација ја нападнале методистичка црква, но не е приложен никаков доказ за тврдењето.

Како што претходно јави МИА, властите во пакистанската провинција Белуџистан изјавија дека за време на нападот во црквата имало повеќе од 400 верници. Двајца бомбаши-самоубици влегле во црквата и отвориле оган врз верниците. Обезбедувањето успело да убие еден од напаѓачите на влезот на храмот. Вториот напаѓач бил ранет, но успеал да го активира експлозивот што го носел на себе. Тој ја активирал бомбата надвор од црквата што спречи поголем број на жртви

Слични содржини