ИД загуби 95 отсто од териториите што ги имаше освоено во 2014 година

од desk4

– Откако беше создадена коалицијата во 2014 година,  ИД изгуби 95 проценти од територијата што ја контролираше во Сирија и во Ирак, наведе американскиот специјален претставник на коалицијата Брет Макгурк.

Во 2014 година ИД зазема близу половина од територијата на Сиирја и речиси една третина од Ирак и објави калифат.

– Над 7,5 милиони лица веќе се ослободени од контролата на ИД, истакна Макгурк.

Тој посочи дека, влегувањето на странски борци во Сирија „речиси престанало“, посочувајќи дека „се повеќе борци на се запрени на границата“.

– Финансиите на ИД денес се на најниска точка. Вршиме притисок врз организацијата на терен и во кибер просторот, каде се бориме против терористичката пропаганда, забележа Макгурк.

Американскиот претставник, објасни дека постои зајакнување на соработката во односна безбедноста на границите и безбедноста на воздушниот простор.

– Соработуваме за финансиските санкции и споделуваме разузнавачки информации, вклучително и за да спречиме ИД да изврши напад во нашите земји, заклучи Макгурк. 

Слични содржини