Киднапирани се 88 христијански еритрејски мигранти во Либија, од страна на џихадистите од ИД, потврдија за FoxNews извори од американското разузнавање. Тие го пресретнале камионот со мигранти во близина на Триполи, минатата недела. Засега нема информација за состојбата на заробените.

libija

Исламска држава денеска распространи информација, според која либискиот град Сирт е под целосна контрола на екстремистичката група. ИД утринава ја окупираше и електроцентралата, која се наоѓа западно од градот и која го снабдува западниот и централниот дел на земјата со електрична енергија, пренесува АФП.

„Џихадистите објавуваат фотографии на кои борците на Исламската држава учествуваат во битки, седат над тешки воени оружја, ги разгледуваат електроцентралата и градот, а може да се забележат и тела на мртви либијски војници“, изјави претставник на либијската полиција.

Слични содржини