Борци на “Исламска држава” презеле електрична централа западно од либискиот град Сирт, соопшти Reuters, повикувајќи се на извори од либиската армија и од самата исламистичка група.

08a21e38e846128b4991bbdc571b702e

“Централата е преземена. Целиот град Сирт е целосно ослободен “, гласи пораката на џихадистите, распространета по социјалните медиуми.

Силите лојални на самопрогласената влада која ја контролира либиската престолнина Триполи, се повлекле од Сирт, откако “Исламска држава” ја нападнала централата. Според податоците на војската, во борбите загинале три лица.

Слични содржини