Иднината на контрацепцијата за мажи се споеви од билките

од Vladimir Zorba

Споевите од билките и манго би можеле да се комбинираат за да создадат контрацепција слична на апчето за утрото после. Само две хемикалии би можеле да ја блокираат спермата и оплодувањето на јајце клетката. Веќе со децении машката контрацепција не се менува-постои кондом и многу драстичната вазектомија. Но, науката и на тоа поле напредувала па истражувачите од Калифорнискиот Универзитет Беркли осмислиле контрацепција базирана на хемиски споеви.

Оваа тема со време се покажала како голема контроверза. Минатата година е откриено дека машката контрацепција е речиси еднакво ефикасна како и женската контрацепција. Но,испитаниците имале одредени нуспојави, како што е појавата на акни и пречки во пробавата, па и нагли промени на расположението-инаку познати како вообичаени нуспојави на женската контрацепција.

Истражувањето од Калифорнија во часописот Proceedings of the National Academy of Sciences покажало две хемикалии кои можеме да ги пронајдеме во народната медицина можат да помогнат во блокирањето на оплодувањето на јајните клетки и може да биде ефективна алтернатива на контрацепцијата базирана на хормонални промени. Калциумот кој се наоѓа во машката сперма, CatSper, е одговорен за активација нахормонот прогестерон. Истражувачите ги интересирало дали можат да ја спречат активацијата на CatSpe па се насочиле на природните молекули кои се слични на стероиди, вклучувајќи и пристимерин(кој се наоѓа во билките) и лупеол(хемиски спој кој го наоѓаме во билките и овошјето како што е мангото) .

После тестирањето на теоријата се заклучило дека обата споја влијаат на бројот на активни сперматозоиди па дека пристимерин и лупеол може да делуваат како контрацепциски споеви со спречување на хиперактивацијата на спермата, со што се спречува оплодувањето.Овие хемиски споеви би можеле да се користат како унисекс контрацепција, а би функционирала слично на контрацепцијата во итни случаи со таа разлика што може да се земе пред или после половиот однос.

Контрацепцијата би можела да се применува како фластер или вагинален прстен.- Бидејќи мала коцентрација на овие два хемиски споја ефикасно го блокира оплодувањето, овој вид на контрацепција би можела да стане генерација на контрацепцијата која сме ја нарекле „молекуларни кондоми„. Ако е веќе возможно да се користат мали количини на хемиски споеви добиени од билки, кои се потполно сигурни и без хормони, за да ја спречат несаканата бременост, тоа е многу подобра опција од контрацепцијата која денес ја користиме -заклучила Polina Lishko, доцент по молекуларна и клеточна биологија.

 

Слични содржини