Иги Поп го заменува панкот со експериментален џез

од Vladimir Zorba

Панк легендата Иги Поп го одбележа 70-тиот роденден со веста дека ќе земе учество во албум со експериментален џез. Пејачот, кој наполни 70 пред неколку дена, објави дека неговиот глас ќе биде вклучен во три од композиции на њујоршкиот пијанист и композитор Џејми Сафт од претстојниот албум Loneliness Road ( “Патот на осаменоста”).

Во интервју за “Роулинг Стоунс” Поп призна дека вокалниот перформанс во џез жанрот му е далеку од совршен, но сепак смета дека се справил. Пред изданието тој објасни и дека одамна таи љубов кон џез музиката токму поради фактот дека нема силни ударни инструменти или ехо-трикови кои ги прикриваат грешките.

Освен на овој проект, Поп откри дека во моментов работи и на саундтракот на претстојниот француски филм, но не откри детали за него.

Слични содржини