Игра на тронови: Како новото кралско бебе ја пишува новата историја?

од desk2

Војвотката од Кембриџ вчера го роди нејзиното трето дете со принцот Вилијам, во одделението Линдо на болницата Сент Мери во Лондон.

Третото кралско бебе на двојката, чие име уште не е познато, не само што ќе им биде брат на принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (2), туку со неговото раѓање значително се менува текот на британската кралска историја.


Пред да се роди новото кралско бебе, принцезата Шарлот беше четврта по ред во низата за наследување на престолот, зад дедо ѝ принцот Чарлс, татко ѝ принцот Вилијам и брат ѝ принцот Џорџ.

Со раѓањето на братчето, нејзината позиција нема да е смени, за прв пат во кралската историја.

Пред да се роди принцот Џорџ во 2013 година, според британските закони, постарите женски деца „паѓаа“ за едно место на низата за наследување на престолот ако се родеше машко дете.

Тоа се случи кога кралицата Елизабета Втора роди две машки деца по принцезата Ана која е нејзино второ дете. Наместо да биде втора во низата по брат ѝ Чарлс, принцезата Ана „падна“ за едно место кога се роди брат ѝ Ендру, а потоа уште едно со раѓањето на принцот Едвард.

Меѓутоа, кога војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон беше бремена со принцот Џорџ, беше донесен нов закон со кој круната се наследува според редоследот на раѓање, а не според полот. Така Шарлот останува четврта во низата, а нејзиниот помал брат ќе биде петти.

Со раѓањето на третото дете на Вилијам и Кејт, принцот Хари сега е шести во низата за наследување на британскиот кралски престол.

Слични содржини