Илија Јованоски кандидат на СДСМ за Прилеп, Борјанчо Мицевски за Крива Паланка

од desk2

СДСМ одлучи во Прилеп на Марјан Ристески да му се спротивстави со Илија Јованоски, директорот на градската болница.

Д-р Илија Јованоски, координаторот на Советничка група на СДСМ во Совет на општина Прилеп е кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп за престојните локални избори.

Тој е директорот на градската болница во Прилеп.

Кандидат на СДСМ за Крива Паланка ќе биде Борјанчо Мицевски.

Познат е и кандидатот за Куманово. Максим Димитриевски ќе му се спротивстави на Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Останува СДСМ да одлучи со кого ќе настапи на локалните избори во Центар.

Слични содржини