Илијовски: Жерновски ќе остане запаметен по тамбурашите и скапите ди џеи.

од Vladimir Zorba

Илија Илијовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар на прес конференција направи, како што рече споредба како Жерновски недомаќински и сомнително ги троши парите на центарци.

Еве што кажа Илијовски:

Жерновски не само што не ги исполни своите ветувања, тој најнедомаќински без ниту тронка срам ги троши и се расфрла со парите на центарци.

Жерновски за преуредување на две улички со вкупна површина од 6000 метри квадратни потроши неверојатни 1.2 милиони евра пари на граѓаните на Општина Центар.

Местото на кое моментално се наоѓаме „Сквер Јадран“ е едно од омилените на Жерновски каде ги организира своите новогодишни прослави.

Сквер Јадран беше уреден во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ и е со иста површина од 6000 метри квадратни како и боемеските улици на Жерновски, но ја чинеше Општината Центар многукратно поевтино, односно околу 800 000 евра.

Разликата е неверојатни 400 000 евра.

Во рамки на прокетот Сквер Јадран беа извршени градежни зафати на повеќе делови и улици и тоа ул. „Никола Кљусев“, ул. „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Осма ударна бригада”. Коловозот беше заменет со коцки од вештачки гранит, а од двете негови страни беа изградени широки тротоари поплочени со вештачки гранит. На целиот сквер се поставени 77 големи и 40 мали мермерни жардиниери, меѓу кои се поставени и дрвени клупи.

Овој дел од градот стана вистинска атракција како за грѓаните на Центар така и за бизнисмените и банкарите, а ја чинеше Општина Центар речиси 400.000 евра
помалку од двете улички на Андреј Жерновски.

Додека пак Жерновски за преуредување на само 2 улички од 370 метри потроши неверојатни 1.2 милиони евра пари на граѓаните. Очигледно, Жерновски нешто крие или пак се работи за сомнителни бизнис зделки.

Андреј Жерновски ги потценува граѓаните на Општина Центар.

Тој ќе остане запаметен како градоначалник кој не направил ништо корисно за граѓаните, освен двете боемски улици од над 1.2 милиони евра за да си ужива самиот на нив, ќе го паметат по тамбурашите и скапите ди џеи.

Граѓаните на пролет ќе стават крај на ова циркус владеење на Андреј Жерновски.

Слични содржини