„Илинден“: Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора нема Бугари, туку само Македонци!

од Vladimir Zorba

Македонците во Албанија се гневни на настојувањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски преку Резолуцијата на Европскиот парламент за Албанија да „докажат“ дека македонското малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора е всушност бугарско.

Ова стои во вечерашната реакција на Македонско друштво „Илинден”-Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо, во која најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската унија во Европскиот парламент, во кој, како што велат, стои груб фалсификат и огромна невистина, која ги задира чувствата на Македонците.

– Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо гласно и јасно повторува дека нема Бугари во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора и во цела Албанија. Во исто време потсетуваме дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат Бугари, туку само Македонци. Од албанската и од македонската влада бараме остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари, се вели во реакцијата на дрштвото.

Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската унија, се посочува, усвоен од Европскиот парламент во делот за Македонците како Бугари, Македонците го сметаат за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите нации, како и за геноцид врз македонскиот народ во Албанија.

– Апелираме до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија, се нагласува во ракцијата од Македонско друштво „Илинден”-Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо.

Слични содржини