Илир Мета избран за претседател на Албанија

од Vladimir Zorba

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, на вчерашната вонредна седница на парламентот, без присуство на опозицијата е избран за нов претседател на Албанија.

За изборот на Мета гласале 89 пратеници, додека двајца биле против.

Во овој четврти круг на гласање потребна била поддршка од 71 пратеник во собранието. Во претходните три круга на гласање никој не беше избран затоа што немаше номинирани кандидати.

Кандидатурата на Мета ја предложија 23 пратеници.

Претседателски кандидат во Албанија предлагаат група од најмалку 20 пратеници во парламентот, во кој има 140 пратеници, а улогата на претседателот е главно церемонијална.

Мета ќе ја извршува функцијата претседател на Албанија до 2022 година.

Слични содржини