Вчера се на полни пластичната кутија со пари од граѓани кои донираат демонстрантите да ја добијат слободата, осомничени за фрлање боја. Иако наликува на избирачка, потпишана е од „Шарената револуција“, и ги привлече сите присутни во кафулето „Излет“, пренесе Телма.

donacii_sharena1-670x371

Освен за солидарноста и хуманоста присутните зборуваа и за поддршката на младите луѓе кои се соочуваат со кривични и прекршочни пријави. Сметаат дека се жртва на властите.

Настанот го поддржаа и од опoзициската СДСМ.

Придружуван од најтесното раководство лидерот Зоран Заев освен што донираше средства, седна на иста маса и со претставниците на шарената револуција. Оттаму изразија полна поддршка за демонстрантите и протестите.

Кривични пријави полицијата има поднесено против 33 демонстранти – 26 во Битола и 7 во Скопје. Осомничени се дека со боја и тврди предмети ги оштетиле фасадите на зградата на општина Битола, Порта Македонија во Скопје и зградата на Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

Слични содржини